Повик за Тренинг на тема вода и управување со водни ресурси

Во рамките на проектот „Основи на законодавството од областа на животната средина и механизими во служба на здруженијата на граѓаните“, финансиран од Фондацијата Отворено Општество Македонија, ЗОР Милиеуконтакт Македонија Ви поканува да земете учество на обука која ќе се одржи на 14.06.2022 (вторник), со почеток во 13:00 часот. 

Врска: https://us02web.zoom.us/j/89379581750?pwd=Z1VSa0M3SUd6TE93OGNMM1hRVFM5UT09

Обуката е на тема: „Вода и менаџмент со водни ресурси“

Ова е втората од вкупно 6 (шест) обуки кои се предвидени да се реализираат во рамки на Концептот на ФООМ „Зелен скок – Партнерства за климатска акција“ и се однесуваат на јакнење на капацитетите на граѓанските организации за искористување на правата и можностите кои ги дава законодавството од областа на животната средина, а со цел нивна поголема инволвираност во креирање на мислења и одлуки на локално ниво.

Врз основа на резултатите од прашалникот кој беше доставен и одговорен од вкупно 56 здруженија на граѓани беа дефинирани приоритети за кои се развивиени модули за обука на здруженијата на граѓани кои учествуваа во оваа анализа.

Цел на оваа обука е да го унапреди знаењето на учесниците, за темата води и управување со истите во нашата држава со презентација на моменталната состојба во секторот води од аспект на законодавство и транспонирање на ЕУ законодавството.

Ве молиме да го потврдите Вашето присуство најдоцна до 13.06.2022г. на info@mkm.mk или aleksandra.s@mkm.mk

2. Pokana_Vodi_14.6.222. Agenda_Vodi_14.6.22


Notice: Undefined offset: 0 in /home/milieuko/public_html/wp-content/themes/dfd-native/inc/loop/posts/post_single.php on line 279

Notice: Trying to get property 'slug' of non-object in /home/milieuko/public_html/wp-content/themes/dfd-native/inc/loop/posts/post_single.php on line 279
div#stuning-header .dfd-stuning-header-bg-container {background-image: url(https://www.milieukontakt.mk/wp-content/uploads/2020/04/DSC_5629-1.jpg);background-size: cover;background-position: center center;background-attachment: scroll;background-repeat: no-repeat;}#stuning-header div.page-title-inner {min-height: 550px;}