Training Climate Change

На 06.06.2022 година, преку електронската платформа Zoom, се одржа првата од вкупно шест (6) обуки кои се предвидени да се реализираат во рамки на Концептот на ФООМ „Зелен скок – Партнерства за климатска акција“ и се однесуваат на јакнење на капацитетите на граѓанските организации за искористување на правата и можностите кои ги дава законодавството од областа на животната средина, а со цел нивна поголема инволвираност во креирање на мислења и одлуки на локално ниво.
Обуката на тема Климатски Промени е во рамките на проектот „Основи на законодавството од областа на животната средина и механизими во служба на здруженијата на граѓаните“, финансиран од Фондацијата Отворено Општество Македонија, а имплементиран од ЗОР Милиеуконтакт Македонија.
Цел на оваа обука е да го унапреди знаењето на учесниците, за климатски промени и климатска акција како и запознавање на учесниците со содржината и имплементацијата на меѓународни конвенции и договори за климатски промени. Исто така обуката има за цел да направи разлика и даде соодветни примери за мерки за ублажување на климатските промени (МИТИГАЦИЈА) и мерки за прилагодување и отпорност кон климатските промени (АДАПТАЦИЈА).
На следната врска може да ја преземете презентацијата од обуката
 
 

Notice: Undefined offset: 0 in /home/milieuko/public_html/wp-content/themes/dfd-native/inc/loop/posts/post_single.php on line 279

Notice: Trying to get property 'slug' of non-object in /home/milieuko/public_html/wp-content/themes/dfd-native/inc/loop/posts/post_single.php on line 279
div#stuning-header .dfd-stuning-header-bg-container {background-image: url(https://www.milieukontakt.mk/wp-content/uploads/2020/04/DSC_5629-1.jpg);background-size: cover;background-position: center center;background-attachment: scroll;background-repeat: no-repeat;}#stuning-header div.page-title-inner {min-height: 550px;}